НАТО: КФОР ќе остане во Косово додека тоа биде потребно
Меѓународните сили КФОР ќе останат во Косово се додека тоа биде потребно, изјави денеска командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Кертис Скапароти.
Скапароти, кој од вчера престојува во Белград на средби со претставници на српскиот државен врв посветени на соработката меѓу НАТО и Србија, оцени дека „евенталната промена на статусот на КФОР ќе зависи од условите на теренот“.
- КФОР ќе продолжи со својата мисија на гарант на слободата на движење и обезбедување сигурно опкружување во Косово се додека тоа биде потребно, нагласи Скапароти.
Тој изјави и дека НАТО е загрижен поради идејата за трансформација на Косовските безбедносни сили во Војска на Косово, без промена на важечкиот косовски Устав.
- НАТО е загрижен поради предлогот Косовските безбедносни сили да се трансформираат во Војска на Косово без промена на Уставот, но ја поздравува подготвеноста на сите заедници што живеат таму за вклучување во дебатата за иднината на овие сили, потенцира американскиот генерал.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација