Џет-Сет
13. December 2017 - 12:39

Натали Грубовиќ за првпат на фотографија со својата ќеркичка Натали

На 27-ми септември во една приватна скопска клиника со своето прво дете се породи поранешната Бинго девојка Натали Грубовиќ, која на свет донесе девојче.

Убавата вест инстантно ги преплави домашните медиуми, иако претходно Натали ги избегнуваше медиумите, па ретко кој знаеше дека е бремена, а веста за тоа дека стана мајка сите ја дочекаа како изненадување – пишува порталот „Вистина.мк“.

Имено, наследничката на мама Натали, се вика исто така Натали, име за кое се одлучила уште кога ја видела на прв поглед.