Кошарка
24. January 2017 - 16:38

Настапи на Куманово и Кожув во регионалната БИБЛ лига

 
 
 Во регионалната кошаркарска Балканска лига денеска свој настап имаат две наши екипи, додека утре ќе се игра и македонското дерби.
 
Во рамките од А групата денеска, Куманово гостува во Стара Загора, кај бугарскиот тим Берое. Кумановци веќе го имаат обезбедено своето место во следната  „Топ 8“, за која ќе се бори и Кожув кој вечерва (19 часот) пред својата публика ќе игра против актуелниот шампион Сигал. Во оваа група вечерва играат Башкими – Тиват. 
 
Табела: Куманово 6-3 (победи-порази), Берое 6-3, Кожув 4-5, Теодо 4-5, Башкими 4-5 и Сигал 3-6. 
 
Утре и задутре ќе се играат натпреварете од Б групата, а последното коло го носи и македонското дерби меѓу Карпош Соколи и Фени Индустри (среда од 20 часот). Преостанатите две двојки се, Пеќ – Тирана (среда) и Сутјеска – Трепча (четврток). 
 
Табела: Пеќ 6-3, Фени Индустри 6-3, Сутјеска 5-4, Карпош Соколи 4-5, Трепча 3-6 и Тирана 3-6. 
 
Пласман во следната „Топ 8“ фаза ќе обезбедат првопласираните четири екипи од А и Б групата, по што ќе бидат комплетирани две нови групи