Бизнис
16. January 2017 - 9:52

Наспроти климатските промени, паѓаат акцизите на бензините

Просечните вредност на акцизите на бензините во 157 земји паднаа во периодот од 2003 до 2015 година за 13 отсто, иако на глобално ниво стана јасна потребата за намалување на емисијата на штетните гасови од фосилните горива, покажува научно истражување.

Речиси повеќе од 13 години потрошувачката на бензинот расте во земјите кои ги намалија даноците или ги зголемија своите субвенции за енергенсот, стои во студијата објавена во списанието „Нејчр Еберџи“.

Без разлика на тоа што само една третина од земјите презедоа такви мерки, тоа беше доволно на светско ниво да се почувствува вкупниот пад на акцизите на бензините.

- Наспроти сите обврски во борбата против климатските промени, владите пропуштија да ја обесхрабрат потрошувачката на горивото, изјави главниот автор на студијата Мајкл Рос, професор на Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес.

Според Парискиот договор за климатските промени од 2015 година, 196 земји се обврзаа просечниот раст на глобалната температура да не надминува два степени Целзиусови (или 3,6 степени Фаренхејтови), но за да се постигне таа цел научниците сметаат дека светското стопанство треба да премине на чисти извори на енергија. 

Покрај досегашното глобално затоплување за само еден степен Целзиусов (или 1,8 Фаранхајтови), Планетата ја погоди ескалација на топлотни бранови, суши, поплави и невремиња, поттикнати од покачување на морското ниво.

Експертите веќе долго тврдат дека алатите кои се суштински важни за таквите промени се резови на субвенциите за нафта, гас и јаглен, како и поттик на даноците за да се ограничи потрошувачката.

Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), научните панели на ОН и Меѓународната агенција за енергија (ИЕА)  постојано се залагаат за спроведување на ваквите мерки за да се органичат климатските промени. 

Но, поддршката на фосилните горива и натаму е огромна. Речиси 500 милијарди изнесуваа директните субвенции во 2014 година, според податоците на ИЕА, додека ММФ информира за 333 милијарди долари субвенции во 2015 година.

Ако на тоа се додадат и т.н. еколошки и општествени трошоци, на пример поради нарушување на еко системите, вистинската цена се зголемува неколку пати.

Но, тешко е да се открие во која мера акцизите на земјите или субвенциите на бензините ја загрозуваат задачата за намалување на емисијата на штетните гасови, се наведува во студијата.

- Многу даноци и субвенции се индиректни или скриени во фактурите на фирмите кои се наоѓаат во државна сопственост, вели Рос.

Иако некои земји најавија свои реформи, тие потоа не ги спроведуваа. 

Танјуг - Белград