Наскоро возобновување на директната авионска линија Скопје - Сараево
Наскоро се очекува да биде возобновена директната авионска линија меѓу Сараево - Скопје, најавија денеска во Скопје министрите за транспорт на двете држави Горан Сугарески и Исмир Јуско.
Двајцата министри на прес-конференција во македонската Влада истакнаа дека заложбите на двете влади ќе бидат најскоро што може да биде воспоставена оваа авионска линија.
Решавањето на ова прашање, според министерот Сугарески, е од исклучително значење за двете држави. - Се надеваме дека оваа авионска линија која пред неколку години е укината ќе биде повторно активирана во најбрз можен рок се со цел граѓаните да можат на најбрз можен начин да стигнат до Сараево и до Скопје, истакна Сугарески.
Со воспоставувањето на авионската линија меѓу главните градови на двете држави се очекува дека ќе се олесни комуникацијата меѓу граѓаните и бизнис секторот.
Меѓу Македонија и Босна и Херцеговина од 2004 година постои билатерална спогодба за воздушен сообраќај.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор