Македонија
20. April 2017 - 16:11

Насилен избор на претседател на Собранието или одговор на барањата на граѓаните!?

Насилно превземање на власта или одговор на барањата на граѓаните, за што ќе се одлучи СДСМ. Се погласни се партиските повици до лидерот на партијата насилно да го изберат новиот спикер и да формираат Влада. И професорката Попсимонова го повика Заев, како што вели таа да се осмели.

- Собери ги 67-те легално и легитимно избрани пратеници во некоја од собраниските сали и изберете претседател на Парламентот и мандатар кој ќе состави Влада. Ако некој ве опструира и таму, соберете се, ако треба во Паркот на Жената борец под споменикот на АСНОМ-ци. Никој не може на мнозинството народни избраници да им забрани да заседаваат и да го работат она за што се избрани.

Осмели се, Зоране. Рубикон мора да се премине. Нема да бидеш сам, напиша помеѓу другото Попсимонова.

Нејзиниот повик е само дел од низата поранешни високи партиски фунционери и експерти кои го повикуваат Заев на насилно превземање на власта.

За разлика од нив учесниците во портести предводени од граѓанската иницјатива за заедничка Македонија порачуваат дека нема да се откажат од одбраната на унитарна Македонија и нема да дозволат насилен избор на претседател на Собранието.