Живот
26. јуни 2017 - 13:20

НАСА ја демантира Гвинет Палтроу

Актерката Гвинет Палтроу е сопственичка на Интернет страница, каде на почетокот на месецот ги претстави „волшебните“ лековити налепки за тело.

- Тие го балансираат нивото и протокот на енергија низ телото. Направени се од истиот материјал кој НАСА го користи во својата вселенска програма, препорачува актерката.

Сепак, експертите од американската вселенска агенција тврдат дека тие такви материјали воопшто не користат.

Актерката има своја фирка „Goop“, која дава совети за подобар животен стил.