Македонија
22. April 2016 - 16:23

Народот решително бара избори за излез од кризата - Масовен протест на ГДОМ

Над 60 илјади граѓани вчера побараа избори на 5 јуни. Крај на политичката криза порачаа на масовниот граѓански собир пред Собранието. Една иста желба ги сплоти да излезат на улиците а тоа е да се стави крај на деструктивното сценарио и сите да излезат на избори каде ќе одлучат кој ќе ја води дежавата. Народот има право да каже што мисли и чувствува и тоа ќе го стори на 5 јуни порачаа од ГДОМ.

Од ГДОМ велат никогаш немало подобри услови за избори затоа ги повикаа сите во уште поголем број да излезат на  5ти јуни.

Илјадниците граѓани со едногласен став се обратија до  домашната и меѓународната јавност изборите се суштина на демократијата и без избори нема демократија.

-Оние кои се против избори се против народот против волјата против Македонија. Народот е најголем експерт преговарач, медијатор олеснувач или амбасадор на сопствената волја. Народот е темелот на демократија, затоа народот бара избори. Народот не сака сценарија во која ќе се користи друго оружје освен демократско тоа кое постои со сопствен глас  диреното учество за креирање на своја судбина. Нема отстапување нема повлекување. Во Македонија- Македонија одлучува! Избори на 5 јуни мора да има.

Граѓаните изминативе денови во повеќе градови низ Македонија на масовните собири побараа избори со кои ќе се стави крај на кризата. На мирен и достоинствен начин истото го побараа и вчера на најбројниот собир до сега пред Собранието, со порака следното видување да биде на 5јуни.