Живот
14. February 2018 - 18:03

НАРОДНИ ВЕРУВАЊА: Доколку ве чеша лева рака ќе добиете пари, но дали знаете што значи ако ве чеша увото

Сите досега сте слушнале за некое народно верување и знаете дека доколку ве зачеша лева рака ќе земате пари, а доколку ве зачеша десна ќе давате пари.

Меѓутоа постојат уште неколку верувања за слични ситуации. Кога ве чеша десната рака, тоа може да значи дека ќе се ракувате со позната личност или со некој влијателен човек.

Доколку ве чеша левото уво, тоа значи дека некој ве оговара, а ако ве чеша десното уво некој ве фали т.а кажува убави зборови за Вас.

Ако ве зачешаат табаните, тоа значи дека ќе одите некаде. Ако ве зачеша левиот ќе патувате некаде, а ако е десниот тогаш ништо од патувањето.

Доколку Ве зачеша левиот лакт тоа значи дека Ве очекуваат возбудливи вести, додека десниот наговестува лоши вести.

Исто така во старите верувања, се верува и дека доколку ве зачешаат прстите , а сеуште не сте верени или во брак тоа значи дека во најкус рок можно е да се верите.