Македонија
18. July 2017 - 19:28

Народен правобранител: Корупцијата царува во затворите

Нехигиена, спиење на под, корупција – ваква е состојбата во затворот Идризово, алармираше денеска Народниот правобранител.

Според годишниот извештај на омбудсманот,  казнено-поправната установа се соочува и со пренатрупаност.

Наместо илјада, тука се сместени двојно повеќе затвореници. Поради недостиг на затворски чувари, е нарушен и безбедносниот систем.

Мемети вели дека најголем проблем е дрогата до која затворениците стигнуваат многу лесно..

-Во затворите се продаваат кревети, мобилни телефони, погодности па дури и разни видови на дроги и за сето ова има цена, изјави Иџет Мемети, Народен правобранител.

Во годишниот извештај на омбудсманот се опфатени уште осум полициски станици, центрите за сместување на бегалци и специјалниот завод во Демир Капија. И овде биле утврдени низа неправилности. 

-Условите не само што се далеку од предвидените стандарди, туку директно го погазуваат човечкото достоинство и јасно упатуваат на понижувачкиот, нехуман и деградирачки третман, вели Мемети..

Извештајот за состојбите во установите со ограничена слобода на движење го подготвувал тим од 17-мина.. Омбудсманот ангажирал криминолози, социјални работници и правници.