Македонија
23. October 2017 - 12:10

Наркодилер од Босна уапсен во Скопје

Вчера во 15.10 часот, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични средства, психотропни супстанци и прекурзори“, по член 215 од Кривичниот Законик на Република Македонија, од слобода бил лишен А.А. (20) од Босна и Херцеговина.

Тој бил задржан во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.