Напредок во преговорите за формирање нова хрватска Влада
Лидерите на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) и на партијата Мост, Андреј Пленковиќ и Божо Петров во текот на вчерашниот ден постигнале напредок во преговорите за формирање нова владина коалиција во Хрватска, објави денеска информативниот портал „Индекс“.
Според истиот извор, на вчерашните преговори Пленковиќ и Петров постигнале компромис околу некои од седумите услови што ги постави Мост за формирање коалиција со ХДЗ. Неофицијално, станува збор за барањата околу реформите во хрватската државна радиотелевизија, прогласувањето на Заштитен економкси појас во Јадранското Море и за измени на Законот за извршна постапка.
Пленковиќ по вчерашните разговори изјави дека реално е да се очекува дека договорот меѓу ХДЗ и Мост за формирање на нова влада ќе биде постигант до одржувањето на конститутивната седница на новиот Сабор.
Тој најави и дека е сигирно оти некои од барањата на Мост ќе бидат дел од програмата на новата Влада со јасно дефиниран план за нивна реализација.
- Се радувам на нашата соработла. Мислам дека имаме квалитетно ниво на доверба и партнерство за работа во идната стабилна Влада со четиригодишен мандат, изјави Пленковиќ.
Петров од своја страна изјави дека очекува Саборот да се конституира во „текот на следните 30 дена“ и да ги усвои законите на чие донесување инсистира неговата партија.
- Мост секогаш може да биде квалитетен партнер. Некои наши барања можат веднаш да се спроведат, а за некои ќе договориме јасен план со јасни рокови. Сето тоа ќе биде партнерски. Секогаш можеме да направиме компромис ако постојат јасни аргументи, рече Петров.
Хрватските медиуми изминативе денови шпекулираа дека Мост бара да го добие местото претседател на Саборот, како и седум министерски места во Владата, вклучувајќи ја и позицијата заменик-премиер.
Осврнувајќи се на ваквите тврдења, Петров рече дека станува збор за инсинуации и дека за такво нешто досега не се разговарало во преговорите со ХДЗ околу формирањето на Владата.
Според најавите од двете партии, следната рунда разговори меѓу тимовите на ХДЗ и Мост ќе се одржи наредниот понеделник.
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж