Свет
19. July 2016 - 14:45

Напаѓачот од возот во Германија се саморадикализирал, тврди полицијата

Германската полиција соопшти дека во собата во која што живеел 17-годишниот напаѓач, кој вчера со секира им ннесе повреди на дваесетина луѓе во воз во јужна Германијам пронашла текст напишан на јазикот пашту.

Баварската полиција смета дека текстот дава индиции оти наоаѓачот, по потекло од Авганистан, самиот станал радикален исламист, но нема докази дека тој бил во контакт со радикални исламистички сгтруктури во Германија. 

- Во неговата собара е пронајден текст на пашту јазикот, напишан делумно со арапски, а делумно со латинични букви, што дава индиции дека се работи за некој кој неодамна се саморадикализирал, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи на Баварија, Јоахим Херман

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, според Херман, сепак овие индиции не можат да бидат целосно потврдени се до завршувањето на целата истрага.

Во собата на бегалецот полицијата пронашла и рачно обоено знаме на Исламската држава (ИД), која денеска и презеде одговорноста за вчерашниот напад.