Свет
8. August 2015 - 9:50

Напаѓачот од киното во Колорадо заработи доживотен затвор

Суд во американската сојузна држава Колорадо синоќа го осуди 27-годишниот Џејмс Холмс на казна доживотен затвор без право на помилување, поради нападот врз киното во предрадието на Денвер, Аурора пред три години.

При нападот во киното, извршен на 20 јули 2012 година при премиерата на тогашниот нов филм за Бетмен, Холмс уби 12 лица и рани 70 други.

Судската порота минатиот месец го прогласи Холмс за виновен по сите точки од обвинителниот акт, но не постигна согласност за изрекување на смртна казна.

По ова судијата во процесот синоќа по автоматизам му изрече доживотна казна затвор, без право на нејзино преразгледувае или негово помилување. 

Обвинителството бараше Холмс да биде осуден на смрт, додека адвокатите инсистираа тој да биде сместен во психијатриска болница, тврдејќи дека има психички нарушувања.