-->
-->
Напаѓачот на божикниот панаѓур и предходно се обидел да украде камион
-->
Тунижанецот Анис Амри којшто на 19 декември со камион влезе на божикен панаѓур во Берлин и усмрти 12 луѓе неколку дена предходно се обидел да украде друг камион за истата цел, објавува весникот Билд.
Како што пренесува дописникот на МИА од Берлин до овие сознанија дошла германската Криминалистичка полиција (БКА) која што ги проверува исказите на сведок во истрагата. Сведокот тврди дека сомнително лице кое што многу личи на Амри се обидел да влезе во кабина на друг камион.
Според досегашната истрага на полицијата Амри кој во декември живеел во џамијата "Фусилет“ во Берлин постојано бил под дејство на екстази и кокаин и можно е за време на нападот да бил дрогиран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела