Балкан
26. May 2017 - 12:29

Нападот врз Пападимос изведен според рецептот на терористите од „Заговор на огнените јадра“

Според првичните индиции на грчките истражни  власти, начинот на кој било дејствувано врз поранешниот премиер Лукас Пападимос ги наведува да помислат дека зад овој криминален акт најверојатно стои терористичката организација „Заговор на огнените јадра“, соопшти грчкиот весник Њуз.ин. 

Од 2008 година оваа група веќе има изведено над 300 напади, со што се вброи во најновата генерација грчки терористи. Таа е во процес на преструктурирање, но и натаму е активна, и покрај постојните напади на властите врз неа, бидејќи 60 нејзини членови се уапсени.

Според весникот „Та неа“, втора нејзина карастеристика, која властите ги наведува на помислата дека терористичкиот акт е нејзино дело, се сведува на фактот дека во годините на активна дејност таа се специјализира за испраќање пакети и пликови со бомби.

Ова е првата терористичка организација, која разви активна дејност за масовно испраќање пликови со бомби.

Во ноември 2010 година „Заговорот на огнените јадра“ испрати цел пакет со 14 пликоа бомби на лица кои играа водечка улога на европската политичка сцена, како германскиот канцелар Ангела Меркел, тогашниот француски претседател Никола Саркози и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони.

Според истиот рецепт на дејствување, но со извесни финеси, пакетите беа заменети со пликоа што соддржат мало количество екслолозивен материјал, но без детонатор, така што не можеа да бидат откриени од скенерите на аеродромите.

Тие беа употребени и годинава, кон средината на март, кога таков плик беше испратен до германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле (одговорноста за него беше преземена токму од „Заговор на огнените јадра), а, исто така, и плик, што експлодира во канцелариите на ММФ во Париз.

Неколку дена подоцна во центарот за дистрибуција на кореспонденцијата во грчките пошти беше откриен уште еден пакет со пликоа бомби, наменет за високо позиционирани личности.

До завршување на истрагата, меѓутоа, властите се воздржуваат од давање категорични оценки, пишува весникот.