Македонија
25. November 2017 - 14:23

Нападнато момче во ГТЦ

Среде бел ден момче било нападнато во Трговскиот Центар во Скопје. Во 13 часот во Полициската станица Центар, се јавил 22-годишниот М.А. од Скопје да пријави дека истиот ден околу 12 часот и 15 минути, во тоалет во Градскиот трговски центар, неколку непознати лица извршиле разбојништво над него. 

Насилниците на младото момче му одземале 7.600 денари и картичка за автобуски превоз, по што побегнале.

По кратко време, во врска со настанот, во Полициската станица Центар биле приведени пет малолетници од Скопје  од кои четири  на 16-годишна возраст, а еден на возраст од 17 години.

По приведувањето кај едно од лицата бил пронајден и со потврда за одземени предмети, бил одземен нож.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за можна поврзаност на групата со други кривични дела разбојништва извршени во текот на изминатиов период, со оглед на тоа дека полицискиот билтен секојдневно се полни со пријави за нападнати тинејџери и малолетници на скопските улици.