Македонија
22. May 2017 - 14:24

Нападнато лице на паркингот кај Македонска телевизија

С.Ј. од скопското сeло Бојане доцна синоќа бил нападнат на паркингот кај МРТВ од две непознати лица, машко и женско.

Како што соопшти МВР, најпрво му се заканлиле со нож, додека го стартувал своето возило „Голф“, по што му одзеле мобилен телефон „Ајфон 5“ и 2.000 денари. 

Немилиот настан се случил на улицата „Кеј Димитар Влахов“ бб, а разбојниците по кражбата се упатиле во непознат правец. 

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање.