Македонија
29. August 2016 - 13:39

Нападнат и ограбен таксист од патник во Керамидница

Таксист е нападнат со нож  и ограбен додека возел патник вчера околу 13:30 во населба Керамидница во Скопје.

Како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, патникот се качил во возилото, седнал на задното седиште и со закана со нож на таксистот И.В.(42) му одзел околу 12.000 денари, по што избегал.

Се работи на целосно расчистување на случајот.