Свет
24. August 2016 - 19:05

Нападнат Американскиот универзитет во Авганистан: Помагајте, можеби ова е мојот последен твит

Вооружени лица денеска го нападнаа Американскиот универзитет во Кабул, потврди претседателот на таа установа Марк Инглиш.

Локалните медиуми наведуваат дека во зградата се заробени стотици лица, вклучувајќи и странски персонал.

Според првичните информации, професорите и студентите се заробени во зградата на универзитетот, а меѓу нив е и фоторепортерот на АП Масоуд Ходаини.

- Помагајте, заробени сме во зградата на Американскиот универзитет. Можеби ова е мојот последен твит, напишал Хосаини на својот Твитер профил.

Инглиш за американските медиуми потврди дека во тек е напад на кампусот и оти на местото се присутни и специјалните сили.

- Повеќе вооружени лица го нападнаа Американскиот универзитет во Кабул, а се слушаат пукотници и експлозија“, изјавил неименуван функционер од Министерството за внатрешни работи, дополнувајќи дека во зградата се заробени професори од странство и стотици студенти, пренесува Танјуг.

Help we are stuck inside AUAF and shooting flollowed by Explo this maybe my last tweets — Massoud Hossaini (@Massoud151) August 24, 2016

Локалната телевизија ТОЛО еуз информира дека прво се слушнала експлозија, а потоа напаѓачите влегле во кампусот на Универзитетот. Се претпоставува дека експлозијата е дело на бомбаш-самоубиец.