Свет
18. August 2017 - 19:28

Напад со нож во Германија: Еден маж убиен и уште еден повреден

Еден човек е убиен и уште еден е повреден во напад со нож во германскиот град Вупертал .

Напаѓачот е во бегство , соопштила полицијата . Се трага по еден или повеќе напаѓачи . Околу местото на нападот се направени безбедносни кордони . 

Убиениот е маж на 31 годишна возраст , а повредениот има 25 години . Повредениот е во болница .

Нападот се случил попладнево во 14.45 часот . Засега нема други детали за нападот , освен дека нападот се случил во близина на трговски центар , каде се распоредени антитерористичките единици