Џет-Сет
1. September 2015 - 11:45

Наоми се пофали со фотографии во бикини

Наоми Кембел (45) поранешен топ- модел, ужива на јахтата на својата поранешна љубов Владимир Доронин. Тие се разделија пред две години, а бизнисменот потоа е виден со друга, двојно помлада манекенка Зи Лин.

Кога Наоми дознала за тоа, се одлучила да ги замрси конците на младата колешка и да и ги затвори вратите во сите модни агенции.