Бизнис
23. August 2017 - 21:12

Наместо во буџетот, Централниот регистар ланската добивка ја уплатил на компанијата Бетон, ќе се преиспитува одлуката

Централниот Регистар ланската добивка од 358  илјади евра, наместо во буџетот, ја уплатил на сметка на градежната фирма Бетон, која ја градела новата зграда на  Регистарот.  Трансакцијата  е направена по налог на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Парите, согласно законот, прво треба да се уплатат во буџетот, а потоа, преку  Службата за општи и заеднички работи да се исплатата на компанијата за  завршените услуги. Сега Владата ќе испитува дали  имало правна основа за таквата уплата
 
„По налог на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, добивката за 2016 година е префлена на ‘Бетон’, кој ја градеше зградата на Централниот регистар во која се сместени и други агенции. За тоа нема правна основа, бидејќи сервисирањето на исплатата на контракторите оди преку СОЗР, а добивките во принцип одат на сметка на Буџетот“, појаснуваат од Владата.
 
Со ваквата трансакција е нанесена штета на работењето на Централниот Регистар.  Затоа Владата на вчерашната седница  наложи  новото раководство на државната институција да ја преиспита правната основа за одлуката. Од Регистарот велат дека ги собираат сите информации , па што ќе дадат детално објаснување.