Наместо веселба крвава свадба во Тетово
Во 17 часот и 15 минути во СВР Тетово, од Клиничка болница Тетово било пријавено дека кај нив била донесена 38-годишната М.О. од селото Мала Речица, тетовско, со повреди во пределот на нозете нанесени од огнено оружје. По извршениот разговор констатирано е дека повредите ги добила на свадбена веселба во селото, во дворот на куќата на 44-годишниот М.Н. кој со пиштол кој го поседувал со дозвола испукал неколку куршуми, од кои еден ја погодил неа.
Од страна на СВР Тетово е излезено на местото на настанот, направени се фотографии, а М.О. е лишен од слобода и приведен во Полицијата во Тетово.
Пиштолот и четири испукани чаури се обезбедени за понатамошна постапка. По консултација со Јавен обвинител, М.О. е ослободен, а по целосно расчистување и документирање на настанот, на истиот ќе му биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето