Македонија
6. May 2017 - 17:00

Наместо протестен марш - „Заедничка Македонија“ на дебата за настаните од парламентот

Така наречениот избор на претседател на Собранието се коси со Уставот, законот и деловникот. Со тоа е прекршен и политичкиот систем, а без тоа не може да функционира ниту една држава во светот. Ова се ставовите на универзитетските професори Иванка Додовска и Александар Даштевски кои ги искажаа денеска на панел дискусијата организирана од Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Сметаат дека со изборот на Талат Џафери се прекршени многу правила во државата.

Според професорката Додовска, моменталната состојба во државата е резултат на три годишната криза за која смета дека е наметната од надвор, и не само Македонија туку и останатите земји од источна Европа се соочуваат со пресметките на големите нации.

Изборот на Талат Џафери го следат само неправилности, смета универзитетскиот професор Даштевски. Вели дека прекршени се сите членови од деловникот за работа на Собранието со што изборот е нелегален и спротивен на процедурата.

Според универзитетските професори, единствен излез од кризата е распишување нови парламентарни избори. Сметаат дека на овој начин граѓаните ќе можат да ја искажат својата воља и да се изјаснат по таканаречената тиранска платформа.

Од Граѓанската иницијатива велат дека сите актуелни случувања се само газење врз уставот со крајна цел укинување на државата. Вели дека минатиот четврток ситуацијата ескалирала поради непочитувањето на собранискиот деловник за избор на претседател на собранието.

Од Граѓанска иницијатива „За заедничка Македонија“ најавиа дека протестите ќе продолжат идната недела.