Живот
27. јуни 2017 - 9:25

Наместо камерман, Си-Ен-Ен во Белата куќа испрати ликовен уметник

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им забрани на репортерите на Си-Ен-Ен влез на конференцијата за новинари.

Но сепак, тоа не ја спречи екипата на американскиот медиумски конгломерат да обебзеди слика од настанот, наместо фотографија.

Тие во Белата куќа го испратија ликовниот уметник Бил Хенеси да „ја овековечи“ конференцијата преку цртеж.

Потоа, наместо прилог, на телевизијата беше емитувана аудио-снимка со цртежот како илустрација.