Здравје
8. February 2017 - 23:37

Намалување релативно мал број на килограми од телесната маса влијае на здравјето

Според резултатите од неодамнешната студија на американските истражувачи, дебелите лица (чиј индекс на телесна маса е поголем од 30) би можеле значително да го подобрат нивното здравје доколку изгубат пет проценти од телесната тежина.
Иако станува збор за релативно мал број на килограми, оваа загуба би можела да го намали ризикот од дијабетис и кардиоваскуларни заболувања, како и да ја подобри функцијата на црниот дроб.
 
При истражувањето е забележано дека учесниците што изгубиле пет отсто од сопствената тежина ја подобриле ефикасноста на клетките што лачат инсулин.