Македонија
11. November 2015 - 19:33

Намалено загадувањето во Скопје- кои фактори влијаат на квалитетот на воздухот?

Жителите на Скопје конечно можат да дишат со полни гради. По подолг период концентрацијата на ПМ 10 честичките е во нормалните граници.

Ако пред неколку денови се движеше околу 400 сега изнесува 50. Ова го покажуваат податоците на мерните станици на животна средина.

Главни причинители за загадувањето во Скопје и понатаму остануваат сообраќајот, индивидуалните домаќинства кои се топлат на дрва како и индустриските капацитети.

Но експерите велат дека и геоположбата на градот во голема мера влијае на квалитетот на градскиот воздух.

Предупредуваат дека допрва доаѓа време кога мерните станици ќе покажуваат негативни резултати.

Во меѓувреме градските власти велат дека продолжуваат со прскање на градските улици со калциум магнезиум ацетат се додека нема видливи резултати. Велат дека акцијата ќе се прошири и во другите општини каде загадувањето е големо.