Бизнис
27. November 2015 - 12:42

Намалени продажните цени на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно ниво, односно за 4,4 проценти на годишно.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, во споредба со септември 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Капитални производи за 0,6 отсто, Енергија за 0,2 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,1 процент.

Во октомври 2015 во споредба со октомври 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 11 отсто, Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,8 и Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5 проценти.