Македонија
10. January 2018 - 8:15

Намалена видливоста на дел од патиштата поради магла

Поради магла до 100 метри е намалена видливоста во Сарамзалино, Струмица, Катланово-Велес-Катланово, Тетово, Стража, Македонски Брод и Ресен, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата. 

Според веб страницата на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, од утринава се реализраат предвидените летови, а има најава за доцнење од 40 -ина минути на слетувањето од Цирих и полетувањето кон таа дестинација, како и  на летот за Истанбул.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. 

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.