Македонија
22. December 2015 - 21:14

Намалена видливост поради магла на патиштата во Тетово, Кочани и Штип

Поради магла видливоста на патиштата во Тетово е намалена до 30 метри, а во Кочани и Штип од 50 до 100 метри, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по претежно суви коловози на пониските места и по наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.