Македонија
17. December 2017 - 18:39

Намалена видливост на патиштата кај Стража и Крушево

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Стража и до 30 метри во Крушево. Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат на Попова Шапка, во  Маврово, Дебар и на планинските превои Плетвар, Ѓавато и Пресека, но не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот, соопшти Диспечерскиот центар на ЈП „Македонија пат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по  влажни коловози.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.