Намален за 6.5 отсто бројот на ученици и студенти сместени во домовите во 2016/2017
Во домовите за ученици во основното и во средното образование и во студентските домови во учебната 2016/2017 година биле сместени вкупно 6.755 ученици и студенти, што е намалување за 6,5 проценти во однос на 2015/2016 година, соопшти Државниот завод за статистика.
Во домовите за ученици кои посетуваат средни верски училишта во 2016/2017 биле сместени 256 ученици.
Со годишните извештаи се опфатени 37 домови: домовите за ученици во основните училишта, домовите за ученици во средните училишта, домовите за ученици во средните верски училишта и студентските домови.
Домовите за ученици и студентските домови обезбедуваат сместување, исхрана и воспитување на ученици и студенти за време на школувањето вон местото на постојано живеење на родителите - издржувателите.
Ново на Сител
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост
-
Грчки медиуми: Голема победа на опозициската ВМРО-ДПМНЕ
-
Во Тетово прегазен малолетен пешак