Бизнис
18. March 2018 - 12:00

Намален бројот на осигурителни полиси во земјоделството

- Намален е бројот на осигурителни полиси во земјоделството за околу 60 проценти, соопшти денеска директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување Климе Попоски.

Во 2015 година бројката на полиси била 5.000, а лани се продадени само 2.000.

Според Попоски, можно е да се менува целиот систем за осигурување во земјоделството. Тоа ќе се разговара и на денешната трибина во ресорното Министерство. 

- Во просек, годишно, досега за осигурување во земјоделството од елементарни непогоди се исплаќаа по 300 милиони денари, рече Попоски пред почетокот трибината на која учествуваат и земјоделци и претставници на науката