Живот
8. March 2016 - 23:33

НАЈУБАВ ПОДАРОК ЗА 8ми МАРТ: Пробиштипјанка роди шесто дете

Сузана Петровска од Пробиштип доби најубав подарок за осми март- го роди шестото дете.ж

– Ова е најубавиот подарок што една мајка може да го добие на овој ден и јас сум пресреќна – кажа 37.годишната Петровска за „Старплус“ на ТВ Стар.

Бебето е родено во Штипската клиничка болница.

– Новороденчето е женско, 3,4 килограми а долго 49 сантиметри, со стабилна здравствена состојба и под постојан мониторинг – изјави д-р Александар Стојановски, директор на Клиника болница – Штип.

Новиот член на семејството е нова радост, но и обврска за Патровски кои веќе имаат пет деца и многу работа со нив.

– Треба сите да учествуваме во активностите дома, има три деца на училиште и две во градинка и треба да се работи со нив – вели мајката Петровска.

Но, освен време и пари за да ги одгледат сега веќе шесте деца, на Петровски им треба и простор. Тие во моментов живеат во мала куќа во Злетово, која не е доволна за сите:

– Во моментот ова семејство се соочува со проблем, а тоа е што немат доволно голем станбен простор и се надевам дека со изградбата на новата станбена зграда ќе им биде овозможено нов стан – истакна Тони Тоневски, градоначалник на Пробиштип, за „Старплус“ на ТВ Стар.

Малото бебе се уште чека да го добие своето име, а неговите постари браќа и сестри го чекаат него дома. За сите нив, почнува ново поглавје од животот , од денес исполнет со нов бебешки плач, но и нова радост.