Џет-Сет
16. July 2015 - 11:29

Најтажната приказна во Холивуд: Силвестер Сталоне спиел на улица и го продал своето куче бидејќи немал што да јаде!

Познатиот лик Роки Балбоа, му го промени животот на актерот Силвестер Сталоне, кој бил на работ на егзистенцијата, па морал да го продаде своето куче, за да си купи храна.

Прочитајте како славниот актер „преку трње, стигнал до ѕвезда“. Неговата потресна животна приказна ја објави „Nammatv Channel“.

„Ова е една од најтажните приказни во Холивуд. Неговото име е Силвестер Сталоне. Тој е една од најголемите и најпознатите американски филмски ѕвезди. Некогаш бил актер кој се борел за успех, според дефиницијата. Во некои моменти бил толку без пари, што украл накит од својата сопруга и го продал.

Ситуацијата била толку лоша што завршил како бездомник. Спиел на њујоршката автобуска станица три дена, не можел да си плати кирија, ниту да купи храна. Најтешкиот момент во животот било кога се обидел да го продаде своето куче. Повеќе немал пари за да го храни своето куче. Го продал за 25 долари. Рекол дека потоа си заминал плачејќи.

Две недели подоцна го видел боксерскиот меч помеѓу Мухамед Али и Чак Вепнер, што го инспирирало да го напише сценариото за славниот „Роки“. Го напишал сценариото за 20 часа. Се обидел да го продаде и добил понуда од 125.000 долари за него. Но имал еден услов. Сакал да ја игра главната улога во филмот. Сакал да биде Роки, но од студиото рекле „не“. Тие сакале вистинска ѕвезда.

Ми рекоа дека изгледа и зборува смешно. Си заминал заедно со своето сценарио. Неколку недели подоцна му понудиле 250.000 долари за сценариото и одбил. Му понудиле 350.000 долари и повторно одбил. Тие го сакале неговиот филм, ама не и него. Тој рекол дека така не може. Морал да биде во тој филм.

После некое време од студиото попуштиле, му дале 35.000 долари и му дозволиле да игра во филмот. Филмот освои три Оскари, за најдобар филм, за најдобра режија и најдобра монтажа. Бил номиниран дури и за најдобар актер. Филмот „Роки“ дури се најде и во Американскиот национален регистар на филмови како еден од најдобрите на сите времиња.

И знаете ли што прво купил Сталоне кога добил пари? Кучето кое го продал. Сталоне толку го сакал своето куче, што три дена стоел пред продавницата во која го продал, чекајќи го човекот на кој го продал. Третиот ден го видел како доаѓа со неговото куче. Му објаснил зошто го продал своето куче и го замолил да му го врати. Мажот одбил. Сталоне му понудил 100 долари. Мажот одбил. Му понудил 500 долари. Мажот пак одбил. Одбил и 1000 долари. Сталоне најпосле морал да плати 15 000 долари за кучето кое го продал за 25 долари, но конечно го добил назад.

Денес е тој истиот Сталоне кој спиел на улица и го продавал своето куче бидејќи не можел да го храни, една од најголемите филмски ѕвезди.

Извор: Вистина.мк