Македонија
23. January 2018 - 8:44

Најстудено во Берово минус 10, во Скопје минус шест

Минус десет степени се измерени изутринава во седум часот во Берово, Маврово и Лазарополе, најниска температура во државата, по што следат Крива Паланка и Крушево со минус осум,  Тетово, Ѓуриште, Претор, Пожаране, Прилеп и Скопје Петровец со минус шест,  Дебар, Тополчани, Охрид и Битола со минус пет, Виница, Струмица, Демир Капија, Скопје и Штип со минус четири, а во Гевгелија минус еден.

Најмногу снег има во Ѓуриште, 12 сантиметри, а снежната покривка во Маврово изнесува осум сантиметри, во Пожаране седум.

Според УХМР, по сончевото и студено време во утринските часови, преку денот ќе има зголемување на облачноста и ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер ветер, од северозападен правец, долж Повардарието ќе се засилува, а  западните делови ветерот ќе биде со слаб интензитет,  а правецот ќе биде од североисток. Максималните температури од три до оусм степени.

Во скопското подрачје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен североисточен ветер. Температурата до шест степени.

Следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст. В четврток, петок и в сабота ќе има услови за појава на магла по одделни котлини