Балкан
16. December 2017 - 22:01

Најстариот син на поранешниот турски премиер е пронајден мртов во неговиот дом

Јавуз Јилмаз (38), најстариот син на поранешниот турски премиер Месут Јилмаз, е пронајден мртов во неговиот дом во истанбулската населба Бејкоз. 

Телото на Јилмаз го пронашле неговиот телохранител и шоферот. Тој бил легнат на кревет и застрелан во пределот на главата.

Според истражното тело, куршумот бил истрелан од десната страна на главата во права линија.

Според првичните информации, се претпоставува дека тој се самоубил. 

 Истрагата за случајот е во тек.