Живот
17. March 2018 - 12:37

Најскапата чоколада на светот изложена во Португалија

Најскапото слатко задоволство на планетата произведено во ограничено издание - 1.000 чоколадни бонбони во вредност од 7.728 евра по парче е изложено во Португалија.

Секоја бонбона е покриена со злато што се јаде, а чоколадата се чува од униформирани лица.

Чоколадните бонбони се преполни со шафран, бел тартуф, ванила од Мадагаскар и златни летоци.

Творецот  на чоколадото,  Даниел Гомез рече дека чоколадата во форма на дијамант влегла во книгата на Гинис како најскапа во светот.

Чоколадното пакување е во форма на круна и е украсено со 5.500 кристали „Сваровски“.