Живот
28. May 2017 - 13:20

Најопасниот човек во историјата: Со само еден удар убивал бикови!

По Големата војна заминал во планина. Стоел гол под водата на ледениот водопад и со тупаница кршел камења, 12 часа дневно, секој ден, три години, без ниту еден ден одмор. Кога се симнал назад во цивилизација, немало човек кој можел да му се спротивстави...

"Тоа утро седев со моите пријатели, камикази пилоти. Појадувавме, а вечерта нивните места на масата беа празни". Во овие две реченици се крие мотивацијата зад остварувањето на една од најневеројатните судбини во човековата историја.

Уништен од болка поради загубата на сè што му значело во животот, по Големата војна, младиот мајстор по карате заминал кон планината Јинобу во Јаманаши, Јапонија. Таму изградил колиба во која ги минал следните три години. Секој ден, 12 часа дневно, без престан, стоел гол под водата на ледениот водопад и со тупаница кршел големи планински камења. Кога се вратил назад во цивилизацијата, немало човек кој може да му се спротивстави.
 

Ова е приказна за Мас Ојама, основач на кјокушинкаи каратето, веројатно најсилниот каратист во историјата, човечко суштество кое своето тело преку тренинг го довело до крајни граници, давајќи му способности за кои се зборувало дека се божествени. Мас Ојама кршел карпи со голи раце. Убивал бикови со еден удар со тупаница. Со рака преполовувал шишиња на два дела, а долниот дел не се поместувал.

Никој на светот не сакал да биде негов противник.

Големиот мајстор бил роден во Кореја,како Чои Јеонг-Еуи, на 27. јули 1923. година. Како 7-годишно дете, се преселил во Кина, во Манџурија. Таму, на 9 години, почнал да вежба кунг фу. По окупацијата на Манџурија, се преселил во Јапонија, каде што го земал јапонското име Масутатсу Ојама.

Се запишал во училиште за пилоти, во кое ја минал војната. Како 22-годишен ја дочекал атомската бомба, капитулацијата, и смртта на сите свои пријатели пилоти. "Тоа утро седев со моите пријатели, камикази пилоти. Појадувавме, а вечерта нивните места на масата беа празни", рекол тој тогаш, пишува Telegraf.rs.

Младиот Ојама заминал во вежбалната Шотокан, каде што тренирал сам и станал мајстор на оваа форма карате. Го искористил своето знаење за да им се "одмазди" на американските војници, кои во голем број ги имало во Јапонија.

"Ги тепав каде и да ги видам, кога и да ги видам, се додека полициските станици не беа залепени со мои потерници", рекол подоцна Ојама.

Во тој момент, Мас одлучил да замине на планина, каде што три години тренирал, веројатно како ниеден човек пред него. Осаменоста и нечовечките услови за вежбање го фрлиле Ојама во очај. Неколку пати сакал сето тоа да заврши. Прашал еден пријател за совет, а тој му рекол да го избричи едниот образ, бидејќи таков нема да може да се појави пред луѓето. Ојама го послушал. На планината читал само една книга, од почеток и од почеток: "Петте прстени на огнот" од Мијамото Мусаши.

На почетокот на 1953. година направил своја сала за вежбање. Често патувал низ цела Јапонија, демонстрирајќи ја силата која ја собрал на планината. На претставите често убивал големи бикови, со еден удар во глава. Поради тоа бил наречен "Божја рака". Го остварил сонот на сите јапонски војници во историјата - "Ikken Hissatsu" - "Еден удар, сигурна смрт".

"Доколку ве удри, ќе ве скрши. Доколку го блокирате неговиот удар со рака, ќе ви ја скрши раката. Доколку не блокирате, ќе ви го скрши реброто", велеле неговите ученици.

 

Во 50-тите години на минатиот век отпатувал во САД, за да промовира карате. Многу борци слушнале за неговата вештина, и многумина го предизвикале. Поточно, 270 борци. Ниеден не издржал повеќе од три минути, а повеќе од 250 борби биле завршени со еден удар, по неколку секунди. Неговиот принцип на борба бил едноставен: Кога ќе дојдам до тебе - готово е.

Личниот стил на Ојама, интензивно и силно удирање по целото тело, добило и свое име - Кјокушин, или во превод - потрага по највисоката вистина. Најхрабрите каратисти од Јапонија доаѓале да го учат новото карате. Најхрабрите, бидејќи било познато дека Масу бил крајно суров кон своите ученици.

Како старец, Ојама се разболел од остеоартритис. Сепак, тој тренирал, и покрај големите болки. Почнал во 1994. година, од рак на белите дробови. Денес неговиот пат го следат повеќе од 12 милиони луѓе од целиот свет.