Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Маврово
Најмногу снег во Македонија има во Лазарополе, 71 сантиметар, а најстудено е во Маврово, каде во седум часот изутрина се измерени минус осум степени. Висината на снежната покривка во Маврово е 64 сантиметри, 41 сантиметар во Пожаране, 29 во Берово, 28 Ѓуруште, 25 во тетово, 22 Крушево, 19 Битола, 18 Струмица, 15 Скопје Петровец, 14 Скопје, 12 Крива Паланка, 11 Тополчани....
Минус пет степени се измерени во Крушево, Лазарополе, Берово, -4 Пожаране, -3 Претор, Ѓуриште, Тетово, Тополчани, -2 Крива Паланка, Куманово, Струмица, Битола, Скопје, Прилеп, Скопје Петровец, -1 Демир Капија, а нула во Штип, Дојран, Охрид, Гевгелија, Виница.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток, на југоистокот врнежите се од дожд и снег.
До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, облачно со повремен снег и со слаб ветер од источен правец. Температурата до околу 2 степена.
УХМР најави дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, и доста изобилни, каде се очекува да да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог, особено повеќе ќе бидат застапени во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 сантиметри нов снег. Од петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација