Македонија
21. October 2015 - 9:03

Најмногу дожд во Лазарополе и Дебар

Во изминатото деноноќие најмногу дожд наврна во Лазарополе, 19 литри на метар квадратен, по што следат Дебар со 17 и Маврово и Берово со 16 литри на метар квадратен, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Крива Паланка и во Пожаране се регистрирани 14 литри воден талог на метар квадратен, а во Тетово, Виница и во Дојран по 12, во Претор 11, во Скопје 10, во Гевгелија осум литри на метар квадратен....

Според УХМР, времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а дожд повторно ќе врне кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер, а во раните утрински часови се уште ќе има слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 15 степени.

Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток кога на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за пет до осум степени во однос на денешната.