-->
-->
Најмногу дожд во Гевгелија, најстудено во Маврво и Крушево
-->
Максимални 49 литри на метар квадратен наврнале изминатите 24 часа во Гевгелија, а најмалку, пет литри, во Виница, соопшти УХМР.
До 8:30 часот, утрово пак, најстудено е во Маврово, Крушево и Тополчани, осум степени, додека највисока температура од 15 степени е измерена во Скопје - Зајчев Рид, Дојран, Струмица, Гевгелија и Демир Капија. Во Маврово, Крушево и Тополчани е осум степени, 9 во Лазарополе, 10 во Ѓуриште и Претор, 11 во Берово и Пожаране, 12 во Битола, Охрид, Прилеп и Крива Паланка, 13 во Тетово, 14 во Штип, Дебар, Куманово, Виница и Скопје Петровец,
Изминатото деноноќие наврнале и 31 литар на метар квадратен во Дојран, 26 во Крушево, 24 во Берово, 23 во Струмица, 22 во Демир Капија, 19 во Тополчани, 18 во Битола, 17 во Прилеп, 15 во Претор, 11 во Штип, осум во Крива Паланка, Куманово и Ѓуриште, девет во Охрид и пет литри во Виница, шест во Тетово, Пожаране, Скопје и Маврово.
Утрово е претежно облачно со повремен дожд, особено во јужните делови, каде се можни и ретки грмежи. Попладне облачноста ќе се намалува и врнежите насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во Скопје, претпладне претежно облачно со услови за повремен дожд, а попладне променливо облачно. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде 24 степени.
Од утре, како што најави УХМР, следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, која за време на викендот на места ќе надмине 35 степени, а УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност 9.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер
-
Максим Димитриевски: Посакувам да победи демократијата и Македонија