Најмногу дожд во Гевгелија - 54 литри
Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнало во Гевгелија со измерени 54 литри воден талог на метар квадратен, соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи.
Следат Охрид со 29 литри дожд на метар квадратен и Крушево со 25 литри на метар квадратен. Во Скопје мерната станица на Зајчев Рид измери 17 литри на метар квадратен. Најмалку дожд наврнало во Кавадарци и Претор од еден литар на метар квадратен.
Денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, претпладне со повремени врнежи од дожд претежно со слаб интензитет. Попладне на места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе се движи од 19 до 26 степени. Од утре следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност и постепен пораст на дневната температура на воздухот.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор