Кошарка
22. August 2017 - 18:44

Најмладите македонски кошаркари отпатуваа за Словенија

 
 
Попладнево за Словењ Градец отпатува најмладата македонска кошаркарска селекција (У-14).
 
Селекцијата на играчи родени 2003-година, од четврток до недела ќе игра на четиринаесеттото издание на меѓународниот турнир „Словенија Бол“, неофицијалното Европско првенство за играчи до 14 години. 
 
Покрај нашата најмлада селекција на ова издание учество ќе земат уште девет селекции, од кои две на домаќинот Словенија. Нашата репрезентација е сместена во групата Б заедно со Хрватска, Израел, Украина и 'белите' од Словенија, додека во групата А се сместени селекциите на Бугарија, Унгарија, Црна Гора, Полска и 'сините' од Словенија.
 
„Работевме напорно изминатите 30-тина дена. Овие деца покажаа карактер и  желба, бидејќи не беше нималку лесно да се издржат секојдневните тренинзи (два пати по 2,5 часа). Она што ме радува е тимскиот дух меѓу овие деца, и нивната желба да ја презентираат Македонија во најдобро можно светло. Конкуренцијата е исклучително силна, но таму одиме да се надигруваме, а убеден сум дека во Словенија сите ќе дадат и повеќе од тоа што можат, а дали тоа ќе биде доволно за успех останува да видиме“, изјави предводникот на оваа селекција Денис Дервишевиќ. 
 
Инаку, според програмата, најнапред ќе бидат одиграни четири натпревраи во двете групи. од кои двете првопласирани селекции од двете групи ќе се пресметаат во рамки на полуфиналето, додека останатите ќе разигруваат за пласман од петтото до десеттото место