-->
-->
Најмалку тројца загинати во експлозија во рудник во Русија
-->
Три лица загинаа, а пет други се водат како исчезнати, при експлозија на метан во рудникот „Норникел" во градот Норилск во северна Русија, соопшти фирмата сопственк на рудникот.
Експлозијата се случила на длабочина од 490 метри од влезот во рудникот.
По експлозијата од рудникот на површината се изведени 135 рудари, од кои дел се и повредени, но нивниот број се уште не е официјално соопштен.
Руското Министерство за вонредни состојби соопшти само дека засега се трага по петтемина исчезнати, кои биле во внатрешноста на јамата, но не и за загинати и повредени.
На местото на несреќата се испратени спасувачки екипи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари