Балкан
3. November 2017 - 18:18

Најмалку тројца мигранти се удавија при превртување на чамец во Егејот

Најмалку три лица се удавија, а неколкумина се водат како исчезнати, откако чамец со мигранти се преврте во близина на грчкиот остров Калимнос во Егејското Море, на 20 километри западно од Турција. 

Очевидци тврдат дека на чамецот се наоѓале над 24 лица.

Спасувачи од грчката крајбрежна стража и европската гранична агенција „Фронтекс“ спасиле 15 лица, а истрагата за останатите лица продолжува со помош на пет бродови и еден хеликоптер.