Свет
11. February 2017 - 20:03

Најмалку шестмина мртви во силен земјотрес на Филипините

Најмалку шест лица загинаа, а повеќе од 120 се повредени во силниот земјотрес кој го погоди островот Минданао, во јужниот дел на Филипини.

Земјотресот со јачина од 6,7 степени по Рихтеровата скала регистриран е на длабочина од 10 километри, додека епицентарот е на 13 километри од градот Суригао.

Во текот на утрото се почувствувани уште 89 помали потреси, но нема опасност од цунами.

Стотици лица во паника ги напуштија  домовите и се упатија во околните училишта, кои се претворени во засолништа . Многу луѓе ја минаа ноќта на отворено.

Повеќе објекти, меѓу кои и два моста, се урнати.