Свет
9. December 2017 - 20:48

Најмалку пет лица загинаа во борби во Источна Украина

Најмалку пет лица, меѓу кои и четворица војници беа убиени денеска во источниот дел на Украина во судирите меѓу армијата и проруските сепаратистички бунтовници.

Според соопштението на украинската армија, војниците загинале северно од Донецк, престолнина на прогласената од проруски сепаратистички бунтовници „Доњецка народна република".

Новинска агенција, блиска со сепаратистите, соопшти фрка загинал нивни борец..

„Ситуацијата во областите на антитерористичките операции се влошува", сооопшти  украинската армија.