Најмалку две лица загина при напад врз џамија
Најмалку две лица загинаа, а 75 се повредени во денешните две експлозии што одекнаа во џамија во градот Бенгази, источна Либија.
Двете бомби се активирани од далечина со помош на мобилен телефон за време на петочната молитва во џамијата „Саад ибн Абу Абада“. Бомбите биле поставени на различни места во џамијата.
Досега ниту една група не презеде одговорност за нападот.
Бенгази, вториот по големина град во Либија е под контрола на Либиската национална армија (ЛНА), предводена од Калиф Хафтар. ЛНА до крајот на минатата година се бореше против исламистите поврзани со Исламска држава и Ал Каеда.
Хафтар е можен кандидат за либиските национални избори, што би се одржале кон крајот на годината. Тој има репутација дека го стабилизира Бенгази и околината по анархијата што уследи откако пред седум години со помош на НАТО беше соборен од власт Моамер ел Гадафи.
Пред две недели во два бомбашки напади во Бенгази загинаа 35 луѓе.
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп